Ракомет
Кире Лазаров: Ќе ни фалат многу Манасков, Митревски, но немаме време за плачење
Слекторот на Македонија, Кире Лазаров одржа онлајн прес конференција за новинарите на која зборуваше за ЕП и очекувањата. Како што вели
Треба да се адаптираме, да не губиме енергија на тоа, другите репрезентации имаат поголеми проблеми со ова, но треба да се подготвуваме за она што не очекува понатаму, изјави селекторот Кире Лазаров.
Никола Марковски поради повреда нема да биде дел од овој состав, како и Дејан Манасков, кој како што вели Лазаров најмногу ќе фалат, како и четворицата позитивни на Ковид 19, пред се голманот Никола Митревски.
-Словенија е една репрезентација која има играчи кои насапуваат Кил, Веспрем, Сегет, Барселона, со самото ова сум кажал доволно за ова селекција. Но, ние сме Македонија знаеме како функционираме, нема да одиме со бело знаме, но респект кон Словенија која е фаворит, вели Лазаров.