Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров: Многумина ја отпишаа Македонија, сакам да им покажам дека грешат

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кире Лазаров, во интервју за Спорт Клуб зборуваше за претстојниот Ф4 во Лига на шампиони каде во полуфиналето со неговиот Нант ќе игра против Барселона. Зборуваше за македонската репрезентација и за многу други теми. Како што вели сонува за медал со репрезентацијата, а многумина ја отпишале, но тој сака да покаже дека грешат.

-Дали верувате дека Македонија во иднина може да се натпреварува за медал на големите натпреварувања?

Лазаров: Да! Ќе бидеме многу поконкурентни. Секако сонуваме полуфинале и медал. Ќе биде потребно можеби многу време, но доколку не верував во такво нешто немаше да го прифатам тој тежок предизвик, и тоа во моментите кога сите се откажаа и ја „погребаа“ репрезентацијата и играчите, вели Лазаров.

 

 

Реклама

Facebook