Ракомет
Кире Лазаров не се пензионира, уште една година во Нант
Македонскиот капитен, селектор и најдобар ракометар Кире Лазаров по мечот со Швајцарија изјави дека се уште не ја донел конечната одлука дали ќе се пензионира. Како што вели, иако Нант нема конечна одлука, сепак се договориле начелно да остане уште една година во тимот со помала минутажа. Ова секако е да остане во форма за ЕП следната година.
-Ќе играм уште една сезона во Нант со помала минутажа. Така се договоривме и за годинава, но не можат да се остварат сите планови. Се променија работите поради ситуацијата со ковид-19. Не сакав да се збогувам пред празни трибини, вели Кире Лазаров.