Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров: Ова ЕП не е регуларно, цело време го следат циркузи

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, во интервју за хрватски Индекс вели дека ова ЕП, кое се одржува во Унгарија и Словачка не е регуларно, мислејќи на коронавирусот и правилата.

-На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност. Не е можно да се процени нечија сила и да се даде права слика за јачината на некоја репрезентација со оглед на тоа дека некој порано или подоцна запаѓа во проблем со корона. Чудно е што единствено Данците ги немаат тие проблеми, вели Лазаров.

Лазаров вели дека Македонија на ова ЕП влегла со подмладена репрезентација, со што стартувал и процесот на промена на генерации.           Сепак, покрај трите порази и последното место, Лазаров вели дека во оваа селекција има потенцијал, кој допрва треба да ги покаже резултатите.