Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров против „својата“ Барселона за финале

Кире Лазаров и неговиот Нант против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите. Македонскиот најдобар ракометар денеска го дозна противникот на патот кон финалето.

Нант кој во нокаут фазата ги елиминира Киелце и Веспрем, во полуфиналето на завршниот турнир во Келн ќе игра против неговиот поранешен тим Барселона.

Лазаров четири години го носеше дресот на Барселона (2013-2017) и токму со неа ја освои единствената титула во ЛШ.

Во второто полуфинале ПСЖ кој од клупата го предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез, ќе игра против данскиот Алборг. Завршницата на ракометната Лига на шампиони редовно се одржува во Келн, а полуфиналињата се закажани за 12 јуни, додека финалето и натпреварот за третото место ќе се играат наредниот ден.