Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров растура и на француски (Видео)

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров игра во одлична форма и во втората своја сезона во Нант. Скоро на секој натпревар максимално ја користи минутажата и со голови и асистенции ги носи победите на својата екипа.

Тој на француската телевизија на чист француски јазик, ги објасни своите чувства во втората година во францускиот шампионат.

-Кога дојдов тука, не зборував француски. Јазикот е многу важен, за да се разберес со соиграчите и да го разбереш тренерот. Оваа година се чувствувам одлично, многу добра екипа сме, 18 ракометари и верувам во екипата и во големи работи сезонава, заврши Лазаров.

Водителите на „Bein sport“ беа одушевени што му се заблагодарија на нашиот Кире на македонски јазик.

;