Ракомет
Кире Лазаров собра 35 имиња за ЕП, до крајот на месецот неколкумина ќе отпаднат
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Европското првенство во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 35 имиња, кои ќе се подготвуваат на крајот на месецот.
Репрезентацијата на Македонија е во група A заедно со репрезентациите на Словенија, Данска и Црна Гора. Натпреварите од група А ќе се одиграат во „Фоникс Арена“ во Дебрецен, Унгарија.
