Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров во дрим тимот во Франција

Македонскиот најдобар ракомета Кире Лазаров е вистинска машина. Тој на последниот меч постигна девет голови и тоа во победата на Нант против Ним со 34:26. Ова му обезбеди место во дрим тимот на колото во Франција.

Лазаров одигра уште еден одличен натпревар и заслужено го доби признанието, а во тимот на колото беа избрани уште и Портнер, Шам, Илиќ, Тисо, Пранди и Рижо.