Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров втор стрелец и асистент

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, игра одлично во групната фаза на Светското првенство  во Германија и Данска и е меѓу најдобрите кај голгетерите и асистентите. Тој е рангиран на второто место на листата на голгетери по две одиграни кола. Капитенот има 16 гола, еден помалку од лидерот Уве Генсхајмер од Германија. На листата на асистенти Лазаров е исто така втор, со вкупно 11 асистенции, една помалку од Житников од Русија.

Кај голманите, Борко Ристовски се наоѓа на осмото место на листата по ефикасноста на одбрани и има 40% одбранети удари (25/62). Најдобар по две кола е Никлас Ландин од Данска, со над 50% успешност во одбраните. Што се однесува до натпреварите од второто коло, фаворитите минаа без грешка.

Шпанија ја забележа втората победа во Б – група на Светското првенство во Германија и Данска. „Црвената фурија“ убедливо славеше над Исланд со 32:25 и потврди дека и покрај смената на генерации делува моќно и на овој Мундијал. Најефикасни во шпанскиот табор беа Соле со пет и Сармиенто и Гомез Абело со четири гола, а кај Исланд се истакнаа Гудмунсон со шест и Палмарсон со пет гола. Така, по второто коло Шпанија, Хрватска и Македонија имаат по две победи, а Јапонија, Бахреин и Исланд по два порази.

По неочекуваниот пораз од Ангола во првото коло, репрезентацијата на Катар ги поправи грешките и преку Египет стигна до првата победа со 28:23. Јусеф Али со девет реализации беше најефикасниот ракометар на мечот. Кај Египет се издвои Ахмед Алахмар со шест погодоци.

Репрезентацијата на Унгарија, откако во првото коло ремзираше со Аргентина, ја оствари првата победа во дуелот со Ангола од 34:24.

Резултати – Група Б: Македонија – Бахреин 28:23, Хрватска – Јапонија 35:27, Шпанија – Исланд 32:25, Група Д: Катар – Египет28:23, Унгарија – Ангола 34:24, Шведска – Аргентина 31:16.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com