Connect with us

SPORTM.mk

Кирiиос казнет со 113.000 долари за своето однесување во Синсинати

Организаторите на турнирот во Синсинати пуштија соопштение во врска со инцидентот на австралискиот тенисер Ник Кириос.

Австралиецот го плукна и го навредуваше главниот арбитар Фергус Марфи за време на натпреварот со Карен Хачанов.

Во соопштението се вели дека Кириос е казнет со 113 000 долари.

– Кирјос е казнет поради предупредување за злоупотреба на топчињата, тројно неспортско однесување, напуштање на теренот, пцуење и вербален напад, се додава во истото.

Исто така, се посочува дека АТП истражува што се случило по натпреварот, со цел да се зголеми казната за Киргиос.

Со оглед на тоа што тој заработи 39.000 долари оваа недела со влегувањето во вториот круг, минусот на Австралиецот во Синсинати е 74.000 американски долари и тој може да биде поголем, под услов тој дополнително да биде санкциониран.

Една можност е и суспензија од официјалните турнири.

Извор: Нетпрес