Кошарка
КК Чаир драстично казнет за инцидентот кој се случи викендов (ВИДЕО)
Екипата на КК Чаир 2030 е парично казнета. На нивниот терен како домаќин ќе мора следните 10 меча да ги игра без присуство на публика. Ова е одлуката на Комесарот за натпреварување, а по инцидентот кој се случи викендов.
Натпреварот, кој беше прекинат и не се доигра, ќе биде регистриран со резултат 20:0 во корист на КК Работнички, а КК Чаир добива нула поени.

Имено, при еден вербален дуел на двајца кошаркари од двата тима, на теренот влета лице, за кое подоцна било утврдено дека е вработен како фоторепортер во КК Чаир 2030 и со тупаници го нападна кошаркарот на КК Работнички Ерик Нотиџ.
Сето ова се случуваше во 6-тата минута од втората четвртина. Мечот беше прекинат, МВР најавува мерки по целосно расчистување на случајот.