Connect with us

Кошарка

КК Работнички со барање до КФСМ: Дали се исполнети барањата за одржување на финалето?

Кошаркарскиот клуб Работнички денес повторно испратил барање до КФСМ и до комесарот за натпреварување  дали се исполнети условите за одржување на финалето.

Во барањето се вели:

Ние како клуб, Работнички, прифативме да ни биде суспендирана салата, прифативме да не се регистрираат странци поради  доцнење само на еден документ и ги плати сите обврски према МКФ.

Ве молиме како КФСМ да ни одговорите дали и нашиот противник ги има средено,подмирено, сите свои обврски пред се давачки кон МКФ за да знаеме дека сите сме во рамноправна позиција. Доколку нашиот противник не си ги подмирил или не ги испочитувал одредени обврски ве молиме да постапите согласно правилниците и правните акти.

Ве замолуваме како федерација да се реши ова и да ни одговорите и притоа да Ве потсетиме во Вашето претсавување на кандитатурата за ново раководство во оваа федерација ветивте фер и рамноправен третман кон сите клубови.