Connect with us

Кошарка

Клеј Томпсон го заработи првото исклучување во кариерата (видео)

Ѕвездата на Голден стејт вориорс, Клеј Томпсон, ја заработи својата прва суспензија во кариерата по 650 натпревари од регуларната сезона и 145 натпревари во плејофот на НБА-лигата.

Томпсон ноќеска на натпреварот со Феникс санс на гостински терен, најпрво имаше вербален дуел со лидерот на Санс Девин Букер, а потоа и мало кошкање кое можеше да премине во поголема физичка пресметка во третата четвртина.

По инцидентот Томпсон не се смири и му кажа нешто на судијата Ед Малој, кој му даде втора техничка и автоматски исклучувачка грешка.

Феникс победи со 134:105, Томпсон до исклучувањето имаше по два поена и асистенции за 19 минути со шут од поле 1 од 8 од поле.