Ракомет
Клементина Левковска се смеела кога ја привеле за вмешаност во бруталното убиство на ракометарот Денис Тот!
По приведувањето во полиција, Клементина Левковска, 19-годишната девојка која е една од тројцата обвинети за бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, не покажала ни трошка каење, туку напротив – се смеела, објави хрватски Јутарњи лист, повикувајќи се полициски извори.
Однесувањето на Левковска, која била повод за бруталното претепување до смрт на хрватскиот ракометар пред скопскиот клуб „Привилиџ“, во полициската станица ги изненадило дури и полицајците.
„Само се смееше како да сме ја привеле поради кражба на литро мастика во продавница, а не за насилна смрт“ – ја пренесува Јутарњи лист изјавата на нивниот извор запознат со текот на истрагата за убиството на Денис Тот.
Хрватскиот весник ја пренесува и информацијата дека сопственик на клубот „Привилиџ“ бил познатиот пејач Дарко Гелев –Брејк, претставен како „зет на познат македонски бизнисмен кој е многу влијателен во политичката арена“.
„Мафија, дрога, се ти е тоа испреплетено со власта, како црева…“ – ја пренесува Јутарњи лист изјавата на нивниот соговорник.