Кошарка
Клиперс подобри од Лејкерс во дербито на Лос Анџелес
Втор пораз по ред без повредениот Леброн Џејмс запиша екипата на Лос Анџелес лејкерс, откако изутринава загуби од градскиот ривал ЛА клиперс.
Резултати на натпреварите во НБА лигата играни ноќта меѓу петок и сабота:
Шарлот – Бруклин 100:87
Индијана – Детроит 125:88
Орландо – Торонто 116:87
Вашингтон – Чикаго 92:101
Мајами – Кливленд 118:94
Минесота – Атланта 120:123 по продолжение
Њу Орлеанс – Далас 114:112
Денвер – Сан Антонио 102:99
Феникс – Оклахома сити 102:118
ЛА лејкерс – ЛА клиперс 107:118.
Пласман во Западната конференција: Денвер со биланс 22-11 (победи-порази), Оклахома 22-12, Голден Стејт со 23-13, ЛА клиперс 21-14, Портланд 20-15, Хјустон 19-15, ЛА лејкерс 20-16,…
На Истокот прв е Милвоки со биланс 24-10, следува Торонто со 26-11, а по нив, Индијана 24-12, Филаделфија 23-13, Бостон 20-14.