Кошарка
Клиперси во последната четвртина до победа против шампионот во НБА лигата
Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Торонто, утрово загуби на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс со 98:88. Победникот беше решен во последната четвртина која домаќините ја добија со 25:10.
За Торонто ова е трет пораз сезонава, додека ЛА клиперс ја забележа седмата победа.
Резултати на другите натпревари играни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Минесота 114:120
Бостон – Далас 116:106
Сан Антонио – Мемфис 109:113
Њу Орлеанс – Хјустон 116:122
Голден стејт – Јута 108:122.
Пласман во Западната конференција: ЛА лејкерс 7-2 (победи-порази), Денвер 7-2, ЛА клиперс 7-3, Јута 7-3, Хјустон 7-3,…
Поредок на Исток: Бостон 8-1, Милвоки 7-3, Торонто 7-3, Мајами 6-3, Филаделфија 6-3