Connect with us

Фудбал

Клоп: Како може Гвардиола толку брзо да знае што се случило на нашиот натпревар?

Големото дерби во Англија се наближува. Ливерпул и Манчестер Сити ќе се судрат наредниот викенд, па прес конференцијата на Јурген Клоп во пресрет на мечот со Генк, ја искористија да го прашаат тренерот на Ливерпул и за Манчестер Сити, но и Гвардиола.

Тренерот на Сити по мечот помеѓу Астон Вила и Ливерпул го обвини Садио Мане дека симулира, односно глуми.

Клоп го даде следниот одговор.

-Не знам како може тој да знае толку брзо што се случило на нашиот меч. Мане не е фолирант. Падна, во еден момент на мечот со Вила, али имаше контакт. Сигурен сум 100 посто дека ако се случеше на Сити, тие ќе бараа пенал, изјави Клоп додавајќи дека во овој момент не размислува на Сити, туку на мечот од ЛШ со Генк.