Connect with us

Фудбал

Клоп не е загрижен за иднината на Салах

Менаџерот на Ливерпул – Јирген Клоп изјави дека не е загрижен за иднината на Мохамед Салах во клубот. Египќанецот предизвика серија шпекулации откако објави лута објава на социјалните мрежи веднаш откако стана јасно дека Ливерпул нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Салах напиша дека е „уништен“ од овој факт, а веднаш следеа шпекулации за неговата иднина.

„Немам грижи. Слушнав што е кажано, но не успеав да прочитам ништо што водела до тоа (ед. – напуштање на тимот). Ако некој играч дојде кај мене и рече: „О, не се пласиравме во Лигата на шампионите и тој мора да замине“, тогаш лично би го однел во друга екипа. Би го земал клучот од автомобилот и би му рекол: „Влези, каде сакаш оди ќе те носам“, сподели во свој стил Јирген Клоп.

Салах, кој минатото лето потпиша нов договор со клубот од 350.000 фунти неделно, во досегашниот дел од сезоната постигна 19 гола за „црвените“.