Фудбал
Клоп потврди: Нема повеќе вести за Ливерпул до крајот на сезоната
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека клубот нема да ангажира нови играчи до крајот на преодниот рок. Германскиот стручњак е задоволен од своите играчи на располагање.
„Ништо нема да се случи во преодниот рок, ништо повеќе – нема нови. Се е во ред со сегашниот состав“, изјави Јирген Клоп.
Во тековниот преоден рок, Ливерпул го ангажираше само напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо за 40 милиони евра, откако Холанѓанецот импресионираше на Светското првенство во Катар.