Connect with us

Фудбал

Клоп се понуди да ја исполни најголемата животна желба на легендата која умира: Само дојди овде

Јирген Клоп му даде „отворени раце“ на Свен-Горан Ериксон да го оствари својот сон да раководи со Ливерпул, откако беше објавено дека има најмногу уште една година живот поради болест. Легендарниот Швеѓанец боледува од рак на панкреасот, а во едно интервју призна дека животна желба му е да го води Ливерпул, кој го поддржува цел живот.

Како одговор на потресното интервју, навивачите започнаа кампања за 75-годишниот да води тим од легенди на Ливерпул на хуманитарниот домашен меч против Ајакс во март, но Клоп отиде чекор понатаму.

“Свен, те поканувам од се срце да дојдеш овде и можеш да ја имаш мојата канцеларија, можеш да водиш тренинзи ако сакаш. Тоа не е проблем. Со раширени раце. Дојди овде и да поминеме неколку прекрасни часови заедно.” изјави Клоп за Sky Sports.