Фудбал
Клоп: „Уште во јануари Манчестер Сити ќе бидат шампиони“
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп за англиските медиуми изјави дека само Манчестер Сити нема проблеми во Премиер лигата и дека лесно може да се случи оваа екипа уште во јануари да дојде до трофејот.
Уште од сега изгледа дека во јануари Манчестер Сити ќе бидат шампиони. Тие се единствената екипа која нема никакви проблеми и прикажа најмногу од почетокот на сезоната во Премиер лигата, изјави Клоп.
За неговиот тим германскиот фудбалски стручњак вели дека му претстои многу работа за да го достигне посакуваното ниво на игра.
Посочува дека и среќата ги напуштила на неколку средби и затоа се нешто помалку бодови од планираните.
Точно е и тоа дека до сега немавме баш среќа. Но среќата не може да седите и да ја чекате. Морате да работите додека таа не дојде, потенцира Клоп.
Ливерпул по 10.кола во Англиското фудбалско првенство е на 6. Место со 16 бода, дури 12 помалку од лидерот Манчестер Сити.