Connect with us

Фудбал

Клубови го спасуваат Пелистер, 67.000 денари нуди ФК Црно Буки

По последните случувања со фудбалскиот клуб Пелистер, со помош се понуди и ФК Црно Буки.

Почитувани навивачи, симпатизери, помагатели и спонзори на нашиот клуб.
Сакаме да ве известиме и воедно да упатиме апел до битолските стопанственици, бизнисмени и чорбачии..
Во време кога битолската гордост ФК Пелистер ги живее најтешките денови во неговата историја, и неизвесноста која трае за тоа дали ќе ја започни сезоната како прволигаш.
Почитувани, ние како клуб од АМС имаме 67. 000 денари ваучер, апелираме некоја фирма да ни го реализира и полната сума на ваучерот ќе ја уплатиме ма сметката на ФК Пелистер.
Главната цел нам како управа е овај мал гест послужи на големите фирми и бизнисмени малку ги разбуди и се охрабрат и му помогнат на гордоста на Битола и битолчани застане на здрави нозе..