Фудбал
Клучниот играч на Арсенал се врати по повредата
Една од клучните фигури во сезоната за Арсенал – Олександр Зинченко се врати во тренажниот процес, објавија англиските медиуми. Левиот бек го пропушти претходното реми на „топчиите“ со Вест Хем 2-2 и беше заменет со Киеран Тиерни.
Зинченко имаше истегнување на мускулот што го извади од пресметката на менаџерот Микел Артета. 26-годишниот дефанзивец во петокот тренираше со тимот на Арсенал и се очекува да се врати на терените против Саутемптон, но неизвесно е дали ќе може да стартува од првата минута.
Арсенал останува во битката за титулата со Манчестер Сити, во моментов има 74 бода и е четири пред своите гонители, кои имаат и натпревар помалку. Зинченко на „Емирати“ се пресели токму од составот на „граѓаните“, а во актуелната сезона за Арсенал учествуваше на 29 натпревари на кои постигна гол и две асистенции.