Connect with us

Кошарка

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Трагична вест го погоди светскиот спорт. Американските медиуми јавуваат дека Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во САД.
Информација за несреќата прв објави американскиот таблоид „ТМЗ“ за потоа и „Лос Анџелес Тајмс“ да излезе со фотографија од местото на несреќата со дополнување дека сите патници и членови на екипажот ги загубиле животите во падот на хеликоптерот.
„Свесни сме за вестите што кружат за Коби Брајант, наскоро ќе ве известиме со детали“, објави „Лоса Анџелес Тајмс“ на својата интернет страница.