Connect with us

Кошарка

Кочов: Се надевам дека играчите ќе дадат максимум и ќе се вратиме со победа во Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот во Сараево го играат првиот полуфинален меч во АБА-2 лигата против Спарс, а големата цел е пласман вофиналето и конечно враќање во друштвото на најдобрите во регионалното натпреварување.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов ќе влезат максимално претпазливи без разлика што ги добија двете меѓусебни пресметки во регуларниот дел од првенството.

– Нѐ очекува натпревар против екипа која добро ја познаваме и која ја респектираме. Спарс со досега прикажаното е заслужено во плеј-офот во лигата која оваа сезона беше навистина составена од квалитетни и изедначени тимови. Победите над овој ривал во регуларниот дел не значат ништо, бидејќи влогот сега е многу поголем. Верувам дека моите играчи ќе влезат подготвени на овој меч на гостински терен, каде што Спарс беше скоро непобедлив во изминатиов период. Зад нас се девет месеци вложен труд и пожртвуваност, кои нѐ донесоа во плеј-оф фазата. Двапати го победивме Спарс, а одигравме два изедначени меча со Приморска. Но, сега е нешто друго, сега се мечеви во кои нема поправен, бара многу концентрација, паметна игра и смирена рака. Се надевам дека играчите ќе дадат максимум и ќе се вратиме со победа во Скопје, вели тренерот Ѓорѓи Кочов.

Реванш средбата е во недела во „Јане Сандански“, додека евентуалната „мајсторка“ ќе се одигра на 28 март во Сараево.

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com