Connect with us

Тајмаут

Кога Мохамед Салах ќе упадне на венчавка, реакцијата на младенците бесценета (ВИДЕО)

Како и повеќето фудбалери, Мохамед Салах моментално е на репрезентативна должност и се подготвува за настап за Египет. Египет игра против Нигер и Либерија, а напаѓачот на Ливерпул сигурно ќе биде предводник на својата репрезентација и најголема закана кон голот на споменатите ривали.

Првиот натпревар Египќаните го играат вечерва од 20 часот против Нигер и е од пријателски карактер, исто како оној против Либерија кој ќе се игра во вторник навечер во истиот термин.

Салах знае честп да ги израдува луѓето, овој пат специјалниот ден го направи уште поспецијален за младенците во Египет. Младенците биле сместени во истиот хотел во кој престојувале и репрезентативците на египетската репрезентација, а имале и официјална фотосесија.

Салах, апсолутен херој во својата татковина, беше во близина и набрзина „скокна“ во кадарот во дрес и шорц на египетската репрезентација, воодушевувајќи ја новопечената двојка која не ни сонуваше да го има Салах на својата свадба.

Откако се фотографираше, ѕвездата на Ливерпул упадна како да доцни на важен состанок.

Денот на венчавката веќе стана незаборавен, но во иднина парот ќе може гордо да им ги покаже тие фотографии на сите.

Египет на Салах нема да биде на Светското првенство во Катар, но ќе биде спаринг партнер со Белгија на 18 ноември во Кувајт.