Connect with us

Ракомет

Кој ќе го наследи Червар? Навивачите би сакале Смајлагиќ, но …

Published

on

Хрватската ракометна репрезентација не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство во Египет.

Со синоќешниот убедлив пораз од Данска, репрезентацијата на Хрватска ја заврши својата „авантура“ во Египет, а уште порано селекторот Лино Червар најави заминување од клупата.

Токму неговата најава за заминување предизвика дискусија за неговиот наследник, кого во следните денови ќе го избере Сојузот.

Многу имиња се во центарот на вниманието, а во Хрватска немаат многу време за чекање, имајќи предвид дека се очекува уште малку да ги започнат квалификациитеза Олимписките игри, а наводно најблиску до клупата е поранешниот селектор Славко Голужа.

Како можен наследник се споменува и поранешниот тренер на Сараево Босна, Ирфан Смајлагиќ, кого, според анкетите, навивачите најмногу би сакале да го видат на клупата на националниот тим.

Сепак, овој стручњак, кој еднаш му асистираше на Червар и по чие заминување Хрватска не освои ниту еден златен медал, наводно не е во добри односи со челниците на хрватскиот ракомет, така што неговото преземање на хрватската репрезентација е тешко возможно.

Advertisement

Facebook