Connect with us

Други спортови

Кој ќе го освои Ролан Гарос: Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз или некој друг?

Има уште многу претенденти за титулата, а Стефанос Циципас, Холгер Руне, Каспер Руд и Јаник Синер, Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ…

Програмата на првото коло на Ролан Гарос започнува во недела од 11 часот, сите се подготвени за голем спектакл, па ќе видиме кој ќе ја добие вредната титула на легендарната париска земјена подлога.

Првиот ден на теренот нема да бидат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, па ќе имаат уште еден ден да резимираат сработеното и да итаат кон трофејот на Грен слем турнирите, што и за двајцата би значело исто, но на различни начини.

За српскиот ас тоа би бил 23. освоен Грен слем и воедно рекорд кој според многумина веројатно би му го донел местото на најдобар светски тенисер на сите времиња.

Од друга страна, Карлитос го брка својот прв трофеј на Ролан Гарос и обид да ја наследи титулата крал на глината од Рафаел Надал, кој поради повреда не може да го одбрани тронот во главниот град на Франција.

Има уште многу претенденти за титулата, а во тесниот круг секако се Стефанос Циципас, Холгер Руне, Каспер Руд и Јаник Синер. И не само тие, тука се и Данил Медведев и Александар Зверев, па нема шанси овој турнир да не биде интересен.

Новак? Алкараз? Некој трет? Ќе видиме за две недели.