Connect with us

Другите пишуваат...

Кој ли ги пушти? Шверцери дивееја во скапоплатениот МНТ! (ВИДЕО)

Во петокот вечерта во новата зграда на Македонскиот национален театар, едно од најграндиозните изградени зданија во нашата држават, каде то треба да се промовира културата и правилните вредности, се случи огромен скандал.
Некој умен во Министерството за култура решил да им дозволи да слават 30 години од постоењето на навивачите од Чаир и тоа на место што нема врска со навивање.

Затоа пак, Шверцерите се покажаа во „вистинско светло“, се качуваа на столчињата, се држеа за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа и не помислија дека може да направат непроценлива штета на објектот.

На „гала свеченоста“ беа присутни и фудбалски имиња кои биле дел од клубот од Чаир, беа екс репрезентативците Горан Станковски, Гого Јовчев, Зекирија Рамадан, Арбен Нухиу, Арѓент Беќири… беше и поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски. Секако, за да даде тежина на оваа манифестација, присутен беше и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата.

Вечерва осамна видео од нивното дивеење, јавноста е згрозена и прашува – на кој паметен му текнало да им го дозволи ова?

Gepostet von Igor Durlovski am Sonntag, 24. November 2019

Извор: SPORT1.mk