Connect with us

Фудбал

Кој за што, Ибра за Гвардиола: Се криеше по ходници од мене

Одамна е познато дека Златан Ибрахимовиќ не го сака Пеп Гвардиола уште од времето кога му беше тренер во Барселона. Па поради тоа ја користи секоја прилика, за да го понижи.

Таков е случајот со најновото интервју на Швеѓанецот, во кое меѓудругото изјави дека никогаш не се соочиле за сите проблеми, а вината е во Пеп Гвардиола.

-Никогаш не се соочивме, а тоа е негова вина. Кога би се сретнале се криеше од мене по ходниците. Очекував дека ќе се сретнеме и разговараме пред да заминам, но не се случи тоа. Како тренер е феномен, но како човек е ништо, изјави Ибра.

Ибрахимовиќ во Барселона дојде во 2009 година од Интер во трансфер за пари плус размена на Самуел Ето. Сепак, поради карактерот на Пеп Гвардиола веќе наредната сезона замина од „Камп Ноу“ и се пресели во Милан.