Тајмаут
Која е убавицата која позираше со Новак Ѓоковиќ? (ФОТО)
Дамата која се фотографираше со бројни тениски ѕвезди, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, привлече големо внимание на Австралија опен, а се покажа дека е многу популарна романска пејачка. Андреа Балан е позната како голем љубител на тенисот. Таа е популарна романска пејачка која на социјалните мрежи ја следат два милиони фанови и која не пропушта тениски турнири, колку што и дозволуваат работните обврски. Балан (39) изминативе денови објави бројни фотографии со познати тенисерки на Австралија опен, но и објави од теренот на кој се игра првиот Грен слем турнир, па многумина се запрашаа како имала пристап до најспецијалните зони во Мелбурн. Одговорот е едноставен, таа е дел од тимот на романскиот тенисер Виктор Корнеа, нејзиниот партнер. Двојката е во врска подолго време, а Романецот во тимот ја вклучи и својата партнерка за Андреа да има пристап и до терените на Австралија опен.
View this post on Instagram
View this post on Instagram