Connect with us

Ракомет

Кокшаров го „помеша“ тимот, крилата како бекови, но и пикери

Повредите му прават проблем на тренерот на Варар Едуард Кокшаров, кој има проблеми да состави идеална седморка. Сепак и во една ваква ситуација Вардар успеа да слави против Мотор Запорожје во СЕХА лигата со 44:37.

Како што вели самиот, во ваква ситуација не е важно која е природна позиција на ракометарите туку на која позиција е потребен на тимот. Така, крилата играат бекови, влегуваат на пикер, и се со цел да се победи.

„И пред натреварот кажав дека имаме планови и сакавме денеска малку да одмориме некои од играчите. Мотор покажа добра игра и 40 минути моравме да ги држиме главните играчи на терен. Се виде дека од бековската линија ни остана само Сташ Скубе. Повторно моравме со крилни играчи да играме на бековска позиција. Сепак, ситуацијата е таква и сега мораме да се насочиме кон дуелот против Келце. Неизвесно е што и како ќе се случува и за реваншот. Може да биде подготвен Кристопанс, но неизвесно е и како ќе биде со Дисингер. Сепак, ние нема да запреме без разлика на составот. Ако треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, важно е да победуваме”, изјави Едуард Кокшаров.