Ракомет
Кокшаров: Работите не можат да се променат во краток период
Тренерот на Вардар Едуар Кокшаров, во пресрет на дуелот со Мешков Брест, во продолжението од групната фаза од ЛШ, изјави дека работите не можат да се променат на подобро во кус период.
Оваа негова изјава доаѓа по двата порази од Веспрем и Кил. -За некакви промени во клубот ќе биде потребно повеќе, не можат работите за краток период да се свртат кон посакуваниот правец, изјави на прес конференцијата во пресрет на мечот Кокшаров, кој се игра во недела во 17:30 во салата „Јане Сандански“.
Тренерот на Вардар воедно додаде дека Мешков е добра екипа, но сепак во недела ќе одат на победа и трите бода, иако имаат проблеми со повредени играчи.