Connect with us

Други спортови

Колку пати Новак го крши рекетот? Податоци кои ќе ве шокираат, тој е на самиот врв на листата

Долго ќе се зборува за рекетот на Нолет кој го погоди држачот на мрежата за време на големото финале.

Младиот Шпанец  Карлос Алкараз  успеа да ја освои својата втора грен слем титула во кариерата, откако во големото финале  на Вимблдон го совлада  Новак Ѓоковиќ со 3  :2 ..

Покрај спектакуларниот тенис во финалето, мечот меѓу српските и шпанските играчи го одбележа и моментот од петтиот сет, кога Ноле изнервиран од неговата игра го скрши рекетот врз држачот на мрежата, за што е казнет со 8.000 евра.

Инаку, педантните статистичари пресметале дека ова е 54-ти пат во кариерата Новак Ѓоковиќ да си го скрши рекетот.