Connect with us

Ракомет

„Комити“ сакале да им вратат на навивачите на ПАОК кои нападнале момче во дрес на Вардар, полицијата спречила поголем инцидент

Навивачи на грчката „Паок“ дивееле среде Скопје. Нападнале момче со дрес на Вардар и ограбиле неколку продавници во Центар.

Полицијата во два наврати спречила инцидентот да прерасне во жестока пресметка помеѓу навивачки групи, објави Телма.

Како што објави Телма, дел од грчките навивачи се идентификувани, по што биле веднаш вратени во автобусот на клобот, за да спречи  пресметка со Комитите, кои во меѓувреме се спрамле за одоговор.

Но, откако Комити не успеале во намерата, се собрале на излез од Скопје во обид да го спорат абтобусот, објави Телма.

Не успеал ниту во овој обид да им вратат за нападот на момчето со дрес на Вардар, па го каменувале автобусот. За среќа нема повредени.