Connect with us

Фудбал

„Комити“ утре слават 30 години постоење – дербито е од 18 часот

Дефинитивно дерби натпреварот од 16. коло помеѓу Вардар и Пелистер ќе се игра во недела на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 18 часот.

Во миговите кога нашиот тим го живее најголемиот успех на меѓународна сцена, нашата навивачка група „Комити“ слави роденден. Прославата од 30 години постоење ќе се случи токму на неделниот натпревар, а нашите најверни фанови истовремено ќе го слават и 70-годишниот јубилеј на клубот.

ФК Вардар ќе се вклучи во прославата на роденденот на нашите верни фанови. 70-тиот роденден на клубот како што најавивме и претходно ќе го прославиме идната 2018 година на свечен начин, со оглед дека во оваа година поради одржувањето на УЕФА Супер-Купот не бевме во можност да организираме целокупната програма за прослава на јубилејот.

Повелете на стадион во недела заедно да бидеме дел од овој спектакл и прославата на нашите навивачи, секако на крајот да заокружиме победа од вечното дерби.