Фудбал
Компани останува во Барнли, не сака ни да слушне за Тотенхем
Винсент Компани планира да го води Барнли следната сезона, откако го предводеше тимот до титулата во Чемпионшип и промоција во Премиер лигата, пишува Дејли Мејл.
Оваа вест е удар за Тотенхем, кој активно го бара својот нов постојан менаџер, а поранешниот белгиски репрезентативец е меѓу главните таргетирани специјалисти.
Сепак, Компани се чувствува удобно на Турф Мур и има намера да остане на чело на Барнли во Премиер лигата.
37-годишниот тренер има поддржувачи во раководството на Тотенхем. Затоа тој е на листата на „мамузите“ како постојан наследник на ослободениот Антонио Конте.
Во вторникот Барнли ја обезбеди шампионската титула на две кола до крајот. Доколку ги добијат преостанатите натпревари, тимот предводен од Компани може да ја надмине границата од 100 поени.