Connect with us

Тајмаут

„Компанија Атанасовски“ победник на турнирот во мал фудбал Скопје 2018

Екипата на Компанија Атанасовски е победник на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“, откако синоќа во финалето во Спортски центар „Ново Лисиче“ го совлада тимот на Маг Логистик со 3:0.

Победникот на турнирот освои пехар и парична награда од 160.000 денари. Второпласираната екипа доби награда од 80.000 денари, додека 40.000 денари освои ТК Лока Фер Плеј кој во дуелот за 3.место беше подобар од Фенербахче Кичево со резултат 3:2.

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин им додели награди и на најдобриот стрелец на турнирот Игор Стојковски, најдобриот голман Едо Пелевиќ, како и најдобар играч Далибор Јовановски.

На Скопје 2018 учествуваа 32 екипи. Турнирот траеше еден месец и го организираше здружението КБС 2012 под покровителство на Општина Аеродром, која го обезбеди наградниот фонд за победниците.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com