Кошарка
Комплетирани All-Star екипите за 2018 година
Комплетирани се составите на двете екипи за All-Star натпреварот кој на 18 февруари ќе се одржи во Стејплс Центарот во Лос Анџелес откако денеска беа објавени имињата на 14-мината резервни кошаркари.
Капитените на двата тима, Леброн Џејмс и Стеф Кари како дополнување на Јанис Адетокумпо, Кевин Дурент, Демар Дерозан, Кајри Ирвинг, Демаркус Казинс, Ентони Дејвис, Џејмс Харден и Џоел Ембид, ќе можат да избираат и од Кајл Лаури, Џон Вол, Бредли Бил, Виктор Оладипо, Кристапс Порзингис и Ал Хорфорд од Истокот како и Демиан Лиалрд, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, Џими Батлер, Карл Ентони Таунс и Расел Вестбрук од Западната конференција.
За прв пат во историјата на Лигата All Star, дуелот нема да биде класичен натпревари меѓу истокот и западот со оглед на тоа што капитените можат да избираат играчи од двете конференции.