Ракомет
Конечно добри вести за Вардар, повредените се опоравуваат, тимот замина за Брест
Експедицијата на Вардар замина за Брест каде во сабота му гостува на Мешков во рамките од ЛШ. Во Скопје, поради повреда остана Сергеј Горбок.
Од младите ракометари со екипата заминаа Кизиќ, Карапалевски и Кукуловски. Поради повреда претходната недела со намален интензитет тренираа неколкумина ракометари. Сите ќе бидат во составот на тимот, а кои ќе играат и колку време ќе можат да бидат на паркетот ќе зависи од тоа колку ќе можат да го издржат напорот што го бара натпреварот.
Вардар е на 5. место на табелата во Б групата со 9 бода, а разликата со вторпласираниот Монпелје е само два бода. По ремито на Мотор Запоржје во Германија кај Кил, сега ситуацијата е уште покомплицирана и сите повеќе екипи сериозно се во игра за првото место.
Во меѓусебните дуели на Вардар и Мешков во лигата на шампионите, македонскиот и европски првак има три победи на пет натпревари. Во првиот меѓусебен дуел сезонава во ЛШ победи Вардар со 36-31.
Средбата меѓу Мешков и Вардар е закажана за во сабота во 17,30 часот со пренос на МТВ 1