Connect with us

Ракомет

Конечно радост и кај Веселин Вујовиќ: Атмосферата од трибините не носеше до победата

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ задоволен од победата против Мешков Брест од 35:27. Како што вели тој, ракометарите одиграле одличен меч, а голема помош била поддршката од трибините.

-Навистина го ценам тимот на Мешков. Ја отворивме играта со голема мотивација. Помогна атмосферата во салата и неколку одбрани од Томовски. За мене беше проблем да играм со браќата Нијокас, бидејќи тие се уште не се во целосно вклопени со тимот, но јас најдов решение со Дибиров во средината. Мислам дека заслуживме да победиме, изјави Вујовиќ.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама