Connect with us

Фудбал

Конте добил „студен туш“ од Марота: Целта не е Скудетото

Антонио Конте беше бесен по мечот и поразот од Борусија Дортмунд. Иако водеше со 2:0 во првото полувреме, Интер сепак на крајот загуби со 3:2. На прес конференцијата Конте „распали“ дека нема доволен фонд на квалитетни играчи и дека не може со еден ист состав да игра натпревари секој ден и да победува.

По враќањето во Милано, имале состанок во тренинг центарот со директорот Бепе Марота. Италијанските медиуми објавија дека спортскиот директор му ветил на Конте засилувања во јануари, но сепак тренерот на Интер добил „студен туш“. Наводно Марота му рекол дека целта не е Скудетото туку постепено растење и формирање на тим за долги години.

Сепак, како што пишуваат италијанските медиуми, Марота ќе го израдува Конте со две-три засилувања во јануари.