Connect with us

Фудбал

Конте го истерал своето, добива три засилувања, дали е доволно за трка со Јувентус?

По победата против Бреша од 2:1 во минатото коло, Антонио Конте изјави дека нема доволно играчи и дека не може да ги ротира. Тоа може скапо да ги чини на резултатски план.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Конте го истерал своето, директорот Бепе Марота попуштил, па го убедил раководството во зимскиот преоден рок да донесат уште три засилувања.

Конте бара засилување во секоја од линиите, нападот, средниот ред и одбраната.

Во зимскиот преоден рок Интер ќе се обиде да го донесе на позајмица Артуро Видал од Барселона, кој би можел да ротира со Сенси и Барела. За таа цел, тимот од Милано ќе се ослободи од Матиас Весино и Борха Валеро.

Во нападот, извесно е дека Санчез ќе биде отсутен подолго време, можеби и три месеци поради повреда, а младиот Еспозито, иако покажува квалитет, не може да биде достојна замена. За ова позиција се спомнува Лука Јовиќ од Реал Мадрид, но и Петања од Спал.

Во одбраната решението најверојатно ќе биде Матео Дармиан од Парма кого Интер го следи и се обидува да го ангажира подолго време. Можно е Дармиан да дојде на шестмесечна позајмица.

Интер заостанува еден бод зад лидерот Јувентус, а пред репрезентативната паузата за седум дена играат против Болоња и Верона во Серие А и гостуваат на Борусија Дортмунд во ЛШ.