Фудбал
Конте: Ни требаат вистински засилувања за да бидеме конкурентни на Сити
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте призна дека Манчестер Сити е најдобриот тим во Англија во моментов и истакна дека му се неопходни нови играчи во јануарскиот преоден рок за да ги задржат шансите за одбрана на титулата во Премиер лигата.
Манчестер Сити е лидер по 13. кола. „Граѓаните“ се во серија од 11 последователни победи во шампионатот, а Челзи заостанува на третото место со 11 поени.
Манчестер Сити оваа сезона е многу силен. Уште минатата година тие беа фантастични, но во летниот трансфер период уште повеќе се засилија. Тие можат тоа да го направат повторно во јануари, можеби и потоа. Поради оваа причина, ние мора да бидеме загрижени и да ги преземеме нешто на пазарот на трансфери, рече Конте.