Connect with us

Фудбал

Конте со провокација кон Мурињо пред големото дерби

Пред големото дерби во Премиер лигата меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед тренерот на „сините“ Антонио Конте, повторно го со провокација кон противничкиот тренер Жозе Мурињо. Италијанецот инсистира дека неговиот однос со Мурињо престанува со взаемна почит.

„Не е важнен односот меѓу тренерите. Треба да ја почитуваме работата на другиот тренер. Не сакам да зборувам за друга ситуација. Тој е противник и јас сум противник за него. Имам почит за неговата работа, и тој мора да има почит кон мене. Тогаш ќе престанам“, зијави Конте за британските медиуми.

Вербалната „војна“ меѓу двајцата тренери започна минатата сезона при првото враќање на Мурињо на „Стенфорд Бриџ“ кога Конте и неговиот Челзи забележаа победа со 4-0.

По тој меч Португалецот го обвини Конте дека го „понижувал“ него и играчите на Манчестер Јунајтед.