Connect with us

Фудбал

Конте: Вратите за Ериксен се секогаш отворени

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ја коментираше информацијата дека Кристијан Ериксен може да се врати во „мамузите“. Данецот моментално е слободен играч, откако Интер го ослободи поради забраната за фудбалери да се натпреваруваат во Италија.

„Не сум разговарал со Ериксен во последно време. Секако, би било прекрасно да го видиме повторно на теренот. Тој е многу добар фудбалер, но пред се е добар човек“, изјави Конте.

„Она што му се случи на Кристијан во текот на летото беше непријатно не само за него, туку и за сите што го познаваат. Се плашев. Одлично е што може повторно да игра фудбал. Мислам дека вратите се секогаш отворени за него“, додаде италијанскиот специјалист.