Фудбал
Контранападот на Меси и Суарез заврши со урнебесна реакција на Уругваецот: Во неверување се тркалаше на тревата поради огромно промашување (ВИДЕО)
Интер Мајами ремизираше 1:1 во пријателскиот натпревар со Њуелс Олд Бојс, аргентинскиот клуб во кој израсна Лионел Меси, а еден момент остана особено импресивен.
Тоа се случи по контранападот на Интер. Луис Суарез и Меси се повлекоа напред, во ситуација три на два Лео му приреди одлична прилика на Диего Гомеш, но тој шутираше крајно слабо од околу 15 метри и ја упропасти можноста да донесе предност на тимот од МЛС лигата. И ништо во тоа не е чудно и изненадувачки, но тогаш реакцијата на Суарез ги насмеа сите. Искусниот Уругваец не можеше да поверува што пропушти Гомеш и буквално во неверување се тркалаше на тревата.