Connect with us

Ракомет

Контролни натпревари на машките ракометари

Машката ракометна репрезентација во рамките за подготовките за ЕП „Хрватска 2018“ во Белград ќе одигра два контролни натпревара со Саудиска Арабија и Србија. Натпреварите ќе се играат зад затворени врати.

По враќањето од Белград, ракометарите ќе имаат слободен ден додека третото собирање се планира за 8 јануари. Македонија во Хрватска ќе го игра своето петто европско првенство. Инаку, европскиот шампионат почнува на 12 јануари каде Македонија ќе се соочи со Словенија, Црна Гора и Германија.