Ракомет
Коронавирус повторно прави проблеми: Ракометарите на Пик Сегед по втор пат се во самоизолација
Лигата на шампионите во ракомет е во нови проблеми, сето тоа поради коронавирусот.
Поточно, Пик Сегед е во неволја, во чии редови е потврден седмиот случај на инфекција со коронавирус.
Поради тоа, натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите меѓу Пик Сегед и Вардар беше откажан, а членовите на клубот беа ставени во самоизолација.
Ова е втор пат да заминат во изолација од почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите, бидејќи истото се случи и пред натпреварот со ПСЖ.