Ракомет
Коронавирус повторно во тимот на РК Вардар, одложени мечевите со ПСЖ и Порто

По враќањето од Киелце, еден ракометар на РК Вардар имал покачена телесна температура. Бил тестиран и утврдено е дека е позитивен на Ковид 19. Потоа била тестирана целосната екипа и уште неколкумина добиле позитивни тестови. Според правилата, целиот тим ќе биде во изолација 14 дена, па поради тоа наредните две гостувања на Вардар на 1-ви декември кај ПСЖ и 4-ти декември кај Порто се одложени.
loading...
